Вучиќ: Не смее да има српско-српски конфликти во РС
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека политичарите во Република Српска мора да ја зачуваат.
Тој истакна дека не треба и не може да има српско-српски конфликти и дека тоа е неговата единствена порака до политичарите во Република Српска.
„Без разлика на се, тие мора да ја спасат Србија. Тие мора да го заштитат народот, а ние сме секогаш тука да ги поддржиме. Сакам да се смират тензиите во Република Српска“ – изјави Вучиќ за ТВ Прва.