Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска присуствуваше на седницата на Владата на покана на премиерката Ана Брнабиќ.
„Ви благодарам за поканата и што ми дадовте можност да ве информирам за ситуацијата во Србија. Не се откажуваме од одговорната политика на мир и стабилност“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Во Палатата Србија се одржа посебна седница на Владата за состојбата на Косово и Метохија.
Тој до кабинетот на Ана Брнабиќ поднесе извештај за тоа што разговарал со претставниците на Србите од Косово и Метохија, кои за денеска напладне закажаа средба во Звечан, по што ќе одлучат дали ќе ги напуштат институциите во Косово.
Во текот на денот предвиден е разговор со патријархот на СПЦ Порфири во Патријаршијата, како и со Синодот.