Претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и за фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.
„Истрапевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа. Патот на Србија е многу тежок, трнлив, но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина. Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја. Не ми е гајле за странските лидери“ – додаде Вучиќ.
За притисоците рече „гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“.
Српскиот претседател рече дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија.
Тој во обраќањето го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина – „Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“.