Александар Вучиќ – претседателот на Србија денеска на првиот предизборниот митинг изјави дека народот на Србија „не дава и не сака да влезе во НАТО“.
Тој оцени дека народот ја сака воената неутралност, ја сака својата војска и сака сам да го „чува сопственото небо“ и да има силна армија, за никој да не го загрозува суверенитетот на државата.
Најави дека „народот ќе биде израдуван со системите кои се меѓу најмоќните оружја во светот“ и дека Србија повеќе нема да биде лесен плен за никого.
Вучиќ оцени дека Србија се соочува со „многу искушенија“ поради, како што рече, состојбите во Европа и светот и повтори дека Србија е на европскиот пат, но и дека нема да ги „расипува“ односите со Русија и Кина „бидејќи некој тоа го бара“.-
„Ако дојде до конфликт, а се надевам дека нема – нема да има пченица, гас, нафта или деривати, а прашање е колку сол и нафта ќе имаме. Но обезбедивме доволно резерви. Кога Кина почна да купува сè, реков дека и ние мора да купиме сè. Кога ќе дојде до конфликт, нема да има енергенти или храна, како и да свртите – безброј проблеми. Затоа да знаете, државата се однесуваше одговорно, имаме се, дури и за сол се снајдовме, имаме се освен гас и нафта, а и тие резерви ќе ги зголемиме“ рече Вучиќ.