Вучиќ: Не можете да победите нешто што е добро и природно!

Претседатеот на Србија, Александар Вучиќ, на отворањето на првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на отворениот Балкан“ рече дека иницијативата Отворен Балкан носи добро за Србија, Северна Македонија и Албанија и дека овие земји ќе продолжат да работат уште повеќе.

„Има многу на кои не им се допадна идејата за Отворен Балкан, но не можете да победите нешто што е добро и природно. Никој не може да го спречи нашето зближување, Отворениот Балкан никому не донесе ништо лошо, но носи добро за нашите земји. Ќе продолжиме да работиме уште посилно и посилно“ – рече Вучиќ.

На свеченото отворање, покрај претседателот Вучиќ, присуствуваа и премиерката Ана Брнабиќ, како и премиерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора – Еди Рама, Димитар Ковачевски и Дритан Абазовиќ.