Вучиќ: Не можам да се заколнам дека нема во иднина нема да воведат санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во опширно интервју за ТВ Хепи изјави дека не може да вети дека во иднина нема да воведе санкции против Русија.

– Не можам да се заколнам дека нема да го направиме тоа, а не можам да ветам бидејќи тоа би било неодговорно, но нашиот став е толку цврст што досега не сме морале да го направиме тоа – изјави Вучиќ.

Српскиот лидер нагласи дека неговата земја многу брзо го дефинирала својот став за војната во Украина преку сопствениот Совет за безбедност.

– Не воведуваме санкции против Руската Федерација, а заклучокот го напишав во Советот за безбедност на Србија, се консултиравме (меѓусебно) за секој збор, но јас ги напишав. Го следевме секој збор и ја дефиниравме политиката на Србија, за што понекогаш плаќаме цена -додаде тој.

Во своето обраќање до нацијата веднаш по започнувањето на руската специјална воена операција во Украина, Вучиќ најави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија, иако го поддржува територијалниот интегритет на Украина.