Вучиќ на работна вечера со Фон дер Лајен и Кошта во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе биде во Брисел, на работна вечера организирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Вучиќ вчера изјави дека на средбата со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе ја предложи идејата за прифаќање на сите кандидати од Западен Балкан заедно во ЕУ како полноправни членки.

„Влегување на Западен Балкан како целина во ЕУ е најдобрата идеја. Ако некој изостане, што ќе правите со тие земји? И знам дека сите зборуваат за усогласување, но ова не е само за иднината на регионот, туку за иднината на Европа. Ако нè прифатат сите заедно, без исклучок, сите ќе се чувствуваат подобро… Слушам само добри реакции на оваа идеја и тоа ќе им го кажам на Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен“, изјави тој во Белград на форумот BELTALKS во организација на GLOBSEC.

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, реагираше на изјавата на Вучиќ, дека ќе предложи целиот Западен Балкан заедно да се приклучи на ЕУ.

Спајиќ делумно се согласи со предлогот на Вучиќ.

„Се согласувам дека ЕУ треба да биде последната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа „X“.