Вучиќ на Генералната конференција на УНЕСКО: Србија е горда на културното наследство
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска учествуваше на свеченото отворање на 43-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, и истакна дека Србија е горда што од самиот почеток е активна членка на престижното семејство на УНЕСКО.

– Горди сме на богатството на нашата земја со културно, историско и природно наследство, кое во голема мера е препознаено и вклучено на листата на светско наследство на УНЕСКО, наведе Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Како што додаде, Србија на тоа не гледа само како на признание за својата богата историја и традиција, туку и како на голема одговорност и обврска своето културно наследство да го чува, штити и негува за идните генерации.
– Србија, како и досега, ќе продолжи да дава конструктивен придонес и ќе стори сè за УНЕСКО да го зачува својот основен мандат за градење и зачувување на мирот преку образованието, науката, културата и комуникациите, наведе Вучиќ.