Вучиќ: Наскоро ќе разговарам со луѓето од Рио Тинто, нека се подготват добро
Претседателот на Србија, – Александар Вучиќ, денеска изјави дека наскоро ќе има разговор со луѓе од компанијата „Рио Тинто“, дека „има некои сомневања што ќе ги изрази“, и дека ќе види „дали има решение или не“.
По учеството на безбедносниот форум на ГЛОБСЕК во Прага, Вучиќ пред новинарите изјави дека ќе разговара долго со луѓето од „Рио Тинто“, на кои им порача добро да се подготват.
Тој рече дека без гаранции за здравјето на луѓето и целосна заштита на животната средина, „нема ништо“ од ископувањето на литиум во Србија.
„Наместо да му благодариме на Бога што имаме литиум, веројатно треба да се чувствуваме проколнати бидејќи некои луѓе со што е можно помало образование ќе ни објаснат како нашите деца ќе имаат две глави, без ниту еден факт“, додаде тој.
Вучиќ рече и дека српската индустрија „го носи растот“ на бруто домашниот производ, како и технологијата и иновациите, но „ќе имаме пад во земјоделството поради сушата“.