Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на гостувањето на ТВПинк, денеска на 29. ноември, денот кој се сметал за роденден на СФРЈ рече дека „Надворешниот фактор е клучот за уништување на Југославија“.
Вучиќ порача „важно да се слушаме дури и кога размислуваме поинаку“.
„Кога го почнавме дијалогот, сите имаа можност, како и денес, да го кажат своето мислење. Знам дека не бевме `бели ангели`, но мислам дека надворешниот фактор беше пресуден за уништувањето на Југославија. Неодговорно е се да му се припишува на Милошевиќ“ рече српскиот претседател.