Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Молдавија се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, каде му се заблагодари за неговиот „цврст став“ околу состојбата на северот на Косово.
„Му се заблагодарив на претседателот Макрон за цврстиот став и поддршката што и ја даде на Србија во однос на последните случувања на Косово. Изразив загриженост за најновата ескалација на насилството на Косово и Метохија, а со претседателот Макрон разговарав и за понатамошни чекори за одржување на мирот и стабилноста во регионот“ – напиша Вучиќ на „Инстаграм“.
Вучиќ ја најави дека ќе разговара и со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Ќе се обидеме да дадеме се од себе работите да се вратат во нормала и да се деескалираат, а дали тоа ќе се случи, потребни се двајца за танго и не зависи само од нас“ – посочи Вучиќ.
View this post on Instagram