Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на фабриката на компанијата Борбени комплекс системи во Пљаково кај Куршумлија, каде се произведуваат оклопните борбени возила „Лазар“ и „Милош“, порача дека „мора да се грижиме за себе и да ја зајакнеме армијата и одбранбените капацитети на земјата“.
„Мораме да се грижиме за себе, за сопствената армија. Очигледно е дека пред нас е време на предизвици во геополитичка смисла. Дали ќе можеме да се позиционираме на најдобар можен начин и да го зачуваме мирот и луѓето, но и земјата во овие тешки времиња, како и да одвратиме секој потенцијален агресор? Тоа е големо и важно прашање за нас“, истакна Вучиќ.