Вучиќ: Ми се чини дека секогаш можеме подобро, побрзо и посилно

Од успехот на овој проект зависи колку ќе успееме да ја осигураме економската иднина на нашите земји, но и да го сочуваме мирот, порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска претседава со Самитот „Отворен Балкан“, на кој учествуваат и македонскиот и албанскиот премиер.

„Сигурен сум дека органите на нашите три држави ќе продолжат да работат на модернизирање на инфраструктурата, како што тоа го прави Србија на Прешево, со што значително ќе го забрзаме прометот на границите“, рече Вучиќ

Тој нагласи дека со посебни спогодби, во случај да дојде до забрана на извоз на одредени производи тоа нема да се однесува на другите членки на Отворен Балкан.

Вучиќ се заблагодари и на гостите од регионот, на министерот за надврешни работи на Унгарија Петер Сијарто и на неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу кои сакаат да градат пријателство со нашите три земји.

Според него, никогаш не се обрнувало повеќе внимание ни енергија на оспехот на овој проект Отврен Балкан.

„Се надеваме дека иницијативата Отворен Балкан и понатаму ќе придонесува за економско поврзување, но и ќе пружи можност во регионот да говориме со еден глас кога се работи за клучните прашања во нашите земји. Досегашниот прогрес не е мал, но ми се чини дека секогаш можеме подобро, побрзо и посилно“, порача Вучиќ.

Документите кои денеска ќе бидат потпишани се резултат на досегашната соработка, а Вучиќ рече дека воспоставувањето на зелениот коридор доведе до зголемување на трговската размена од 17 отсто.