Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека утре ќе ја информира јавноста за својот став во однос на Законот за експропријација во земјата.
„Подготвуваме дополнителни проверки уште еднаш за да не направиме нешто противуставно, но со тоа ќе излеземе утре доколку денеска добиеме потврда од повеќе надлежни институции и правни експерти. За три месеци се изборите, но нема да ги брои гласовите „машинскиот мозок“, туку ќе важи еден човек – еден глас. Само на избори ќе се одлучи кој ќе управува со Србија“ рече Вучиќ.
За протестите минатата сабота, тој реле дека во Србија протестирале 31.000 луѓе против законот за експропријација и за референдумот. Според српскиот претседател, најголем број демонстранти имало во јануари 2019 година, кога на протест учествувале 81.000 луѓе.
Вучиќ денеска изјави и дека никогаш нема да поддржи „обоени револуции“.