![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/vucik-kurti-750x430.jpg)
Делегациите на Белград и Приштина ќе се сретнат денеска во Брисел за да разговараат за натамошното спроведување на мартовскиот договор од Охрид.
Европската унија соопшти дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го потврдиле пристигнувањето.
Состанокот доаѓа во време на нови тензии по локалните избори во четири општини во северно Косово, кои беа бојкотирани од Србите. Српската страна вели дека не очекува ништо, а косовската страна се надева дека тема ќе биде судбината на исчезнатите. Но, најголемиот спор останува Заедницата на српски општини.
„Секоја страна треба да направи нешто за да добие нешто“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, најавувајќи ја средбата.
Сепак, сè уште не е јасно што може да се очекува од средбата, особено што и Вучиќ и Курти продолжија да демонстрираат непопустливост пред домашната јавност, пренесува Дојче веле.
Бојан Елек, од белградскиот Центар за безбедносна политика, вели дека промената во политиката на Белград и Приштина е забележлива, но само за меѓународната заедница.
На домашната јавност и се сугерира дека не се откажаа од максималистичките барања, а на меѓународната заедница и се покажува конструктивната страна и се гарантира целосната имплементација на договорот“, вели Елек за ДВ. Тој смета дека договорот на крајот ќе се спроведе.