Високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел ќе биде домаќин на средба на високо ниво како дел од дијалогот Белград-Приштина в среда, на 26 јуни, а учеството го потврдија српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, соопшти Европската служба за надворешни работи.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, од 15 часот ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи трилатерална средба.
На средбите ќе се разговара за досега постигнатото во дијалогот, како и за понатамошните чекори. Најавено е дека Жозеп Борел ќе даде изјава за медиумите пред и по средбите.