Вучиќ и Курти на нова средба на 2 мај во Брисел

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе имаат нова средба на 2 мај во Брисел, дознава Газета експрес.

Според тие приштинските медиуми, на средбата ќе се разговара за Заедницата на српските општини, пишува Косово онлајн.

По Охридскиот договор на 18 март, премиерот Курти и претседателот Вучиќ ќе се сретнат на почетокот на мај за да разговараат за неговото спроведување.

Тоа ќе е прва средба меѓу Вучиќ и Курти по постигнатиот договор во Охрид.

Во меѓувреме, во Брисел се сретнаа директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими.