Вучиќ и Копман разговараа за забрзување на европскиот пат на Србија

„Добар и суштински важен разговор со генералниот директор на Директоратот за проширување за забрзување на европскиот пат на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија, Герт Јан Копман, јави дописникот на МИА од Белград.

„Добар и суштински важен разговор со генералниот директор на Директоратот за проширување за забрзување на европскиот пат на Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.

Вучиќ изјави дека во разговорот истакнал дека целта на Србија е до 2027 година да ги заврши реформските процеси и усогласувањето со законодавството на ЕУ.

„Исто така, изразив очекување дека ЕУ и земјите-членки ќе ги препознаат напорите и напредокот што нашата земја ги прави и дека брзо ќе се движиме кон исполнување на заедничката цел за членството на Србија во ЕУ,“ наведе Вучиќ во соопштението со фотографиите со Копман.