Вучиќ искажал незадоволство поради спречувањето на Лавров да дојде во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го изрази своето незадоволство од околностите кои го спречија доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во посета на Србија.
Во разговорот со рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Карченко, Вучиќ рекол дека „Србија, и покрај сè, ќе ја зачува независноста и автономијата во политичките одлуки и ќе го продолжи европскиот пат, истовремено негувајќи ги традиционалните пријателски и партнерски односи со земјите на сите континенти и зачувување на воената неутралност“, соопштија од прес-службата на претседателот на Србија.
Боцан-Карченко денеска го информирал Вучиќ за причините за откажување на посетата на министерот Лавров, велејќи дека тој не можел да дојде бидејќи авионот на руската влада не ги добил потребните дозволи за летање на релација до Белград.
Харченко му ги врачи на Вучиќ соодветните документи и изрази благодарност до српските власти за помошта во подготовката на посетата, се наведува во соопштението.
На средбата беше речено дека наскоро се очекува да се одржи средба на шефовите на српската и руската дипломатија Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров.
Вучиќ рече дека се надева оти наскоро ќе се врати времето на мирот и соработката и дека дијалогот и разговорот ќе станат единственото средство за комуникација во современиот свет.