Вучиќ: Имаме доволно мерки, вонредна состојба не е разгледувана

„Имаме доволно мерки што можеме да ги преземеме согласно законот“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Kако што рече, вонредна состојба не била разгледувана.

„Имаме доволно мерки што можеме да ги преземеме согласно законот“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Kако што рече, вонредна состојба не била разгледувана.

Во неделата, претседателот се обрати до јавноста и, меѓу другото, говореше за моменталната состојба на улиците низ Србија. Притоа најави дека „во наредните денови“ ќе се видат „изненадувачки одлуки на државата“ во врска со протестите.

На прашањето дали се разгледува воведување вонредна состојба, тој рече дека тоа е последна мерка.

„Не сме разгледувале воведување вонредна состојба и воведувањето вонредна состојба е комплицирана процедура. Потребна е согласност на претседателот, претседателот на Владата, но мора да се оди и на седница на Народното собрание, затоа што вонредна состојба прогласува Народното собрание. Не сме го разгледувале тоа, тоа е член од Уставот. Имаме доволно мерки што можеме да ги преземаме согласно законот. Ова е крајна мерка, досега не сме ја разгледувале и не би сакал да ја разгледуваме“, рече Вучиќ.