Вучиќ: Илман Алиев сега е најпопуларниот човек во Европа

Илман Алиев сега е најпопуларниот човек во Европа, сега најдраг гостин се оние кои досега немале време за него, но сега сите се заинтересирани за „неговиот“ гас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со претседателот на Азербејџан.

На почетокот на обраќањето по потпишувањето на заедничките договори, Вучиќ истакна дека Азербејџан има огромни резерви на природен гас и дека Србија ќе се обиде да обезбеди енергетска безбедност во партнерство со оваа земја.

Нагласувајќи ја моменталната популарност на Алиев поради резервите на гас, Вучиќ додаде дека е малку љубоморен.

Ме викаат само поради Косово, рече на шега Вучиќ, додавајќи дека Алиев не се променил, другите се промениле, а претседателот на Азербејџан секогаш ја штител својата земја и нејзините интереси.

Другите се сменија, но што ќе правите, Азербејџан има гас, Србија има литиум, но тоа ќе остане кога на власт ќе бидат некои попаметни луѓе, додаде Вучиќ.

Тој најави дека за дваесет дена ќе престојува во неформална посета со неколку министри во Баку, главниот град на Азербејџан, кога ќе бидат постигнати нови економски договори.