Вучиќ до Србите од Република Српска: Оние што не можат да го прифатат поразот водат страшна кампања против вас

Противниците на Вучиќ, односно поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН) неколкупати по завршувањето на изборите кажаа дека изборните нерегуларности се правеле токму со гласачи носени од Република Српска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот инстаграм-профил и упати порака до Србите во Република Српска.

Противниците на Вучиќ, односно поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН), неколкупати по завршувањето на изборите кажаа дека изборните нерегуларности се правеле токму со гласачи носени од Република Српска.

„Ви се обраќам во името на сите граѓани на Република Србија и сакам да се извинам за страшната кампања што против вас, нашите сестри и браќа, ја води дел од политичката јавност во Белград. Еден дел од оние што не можат да се помират со Бог знае со кој последователен пораз и кои сакаат да дојдат на власт по секоја цена, дури и да ти го направиле тоа зад грб, дури и да те обвинувале за нивните порази, иако не си ништо за нив виновен“, вели Вучиќ.

Според Вучиќ, тие многу добро знаат колку мал број луѓе од Република Српска гласале, согласно законите на оваа земја, Република Србија, во согласност со уставот на Република Србија и исто како што потврдија нивните контролори на избирачките места, мирно, цивилизирано и како што им доликува сериозно на луѓето.

„Сакам да ви се извинам и да ви кажам дека мнозинството од Србија, српскиот народ, ја сака Република Српска, секогаш почитувајќи ја Босна и Херцеговина. Ја сакаме Република Српска, никогаш нема да се откажеме од нашиот народ. И ние секогаш ќе бидеме со вас и нема да бегаме и нема да се криеме од оние што сакаат да се караат со вас. Исто така, сакам да ви кажам да не се грижите, многу аутсајдери кои би сакале да си поставуваат решенија за да добијат банана држава од Србија, нема да поминат со своите намери. Во името на граѓаните на Србија, во името на целиот наш народ, сакам да ви порачам вам и на сите во Србија ‘Ние ќе ја браниме изборната волја на народот и нема сомнеж во тоа‘“, рече Вучиќ.

Поддржувачите на опозициската листа „Србија против насилството“ (СПН) вчера вечер по втор пат протестираа пред Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград поради нерегуларности на изборите, пред сè поради големиот број гласачи од Република Српска.