Вучиќ доби место во задниот ред кај Путин
Многу прашина се крена околу заминувањето на Александар Вучиќ во Москва, каде што денес треба да присуствува на парадата што ја организира Русија на Црвениот плоштад, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Додека многумина го напаѓаа за легитимирање на рускиот напад врз Украина со одење на „Путиновата парада“, имаше и такви кои од срце го бранеа.
Никола Сандуловиќ, сроски политичар, објави пост на кој се гледа дека Вучиќ не добил којзнае каков третман од рускиот претседател Владимир Путин и наспроти другите лидери – му дале место во задниот ред.