
Вучиќ: Добивме уште 30 дена одложување на санкциите за НИС
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека примената на американските санкции против нафтената индустрија на Србија (НИС) е одложена за уште 30 дена, јави МИА од Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека примената на американските санкции против нафтената индустрија на Србија (НИС) е одложена за уште 30 дена, јави МИА од Белград.
„Добивме уште 30 дена одложување на санкциите за НИС. Ви благодариме на сите луѓе во Србија кои се бореа и им благодариме на нашите американски партнери за нивното разбирање. Ја зачувавме стабилноста, ја враќаме Србија на патот на успехот“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Американските санкции за НИС требаше да стапат на сила утре во шест часот наутро, а ова е второ одложување од 30 дена.