Вучиќ: Добивме уште една лоша вест, веќе не можеме да очекуваме гас од Азербејџан
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека добил известување од Азербејџан дека во наредниот период, поради проблеми што ги имаат, нема да можат да испорачуваат 1,7 милиони кубни метри гас во Србија секој ден.

„Утринава не погоди уште една лоша вест, добивме известување од Азербејџан, од денеска не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што ни доаѓаа секој ден. Од денеска ќе почнеме многу да ги користиме нашите резерви се повеќе и посериозно.“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека не е сигурно и не е јасно колкав е проценетиот временски рок за враќање на гасот.
„Сите што велеа ‘лудиот Вучиќ’, сега испадна дека сме биле паметни да собереме резерви. Имаме доволно бензин да полниме додека не ни дојде нова катастрофа. Се надевам дека Азербејџанците ќе можат да го средат ова за еден месец или два. Ако тоа не е можно, сметајте на трошење од 2 до 2,5 до 3 милиони резерви во следните четири месеци“, рече тој.
Сепак, тој истакна дека нема да има недостиг на гас, ниту на нафта и други деривати и дека целта на Србија да биде најбрзо растечка економија во Европа останува непроменета.