Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека добиле информација кој ќе гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница и дека ќе има разочарувачки вести во однос на односот на некои земји „кои не очекувавме да ни забијат нож во грб“.
-Но, очекувавме големи притисоци и знаевме дека ќе дојде до промена на ставот и дека цело време ќе молчат и на крајот ќе застанат на страната на оние кои се големи и силни, но ќе има и такви кои ќе ги издржат притисоците и ќе покажат дека се подготвени да се борат за вистината и да се спротивстават на чудните принципи, изјави Вучиќ пред новинарите.
Тој додаде дека „ја работиме нашата работа најдобро што можеме и покрај сите тешкотии и напори“.