Вучиќ денеска на средба со Лајчак
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на средба со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, соопшти прес-службата на претседателот.
Лајчак ќе разговара и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и со главниот преговарач на Белград, Петар Петковиќ.
Лајчак вчера беше во Косово, каде што се сретна со премиерот Албин Курти и со главниот преговарач на Приштина Бесник Бисљими. Тој разговараше и со градоначалникот на Јужна Митровица, Бедри Хамза, а во Северна Митровица се сретна со претставници на Српската листа, а потоа и со претседателот на Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ Александар Арсенијевиќ и Александар Јаблановиќ од Партијата на косовските Срби.
За време на посетата на Косово, Лајчак изјави дека ЕУ се залага се што влијае на животот на двете заедници во Косово да се договори и да се реши во дијалог и дека не треба да има еднострани потези кои предизвикуваат негативна реакција од другата заедница.
Тој на Твитер објави дека му е важно повторно да го посети северот на Косово и да разговара со различни соговорници, како и дека тоа што го слушнал го загрижува.
Во однос на прашањето за отворање на главниот мост на Ибар, тој вчера рече дека прашањето треба да се реши со дијалог и договор од двете страни, во духот на стабилност, а не на тензија. Одговарајќи на прашањето какви очекувања има од новите градоначалници на северот на Косово, тој изјави дека очекува да се најде решение кое нема да доведе до ескалација на ситуацијата, а како што наведе, не се сретнал со новопечените вчера избраа градоначалници на четири општини на север.
Инаку, средбата на главните преговарачи во Брисел е закажана за понеделник, 15 мај.