Српскиот претседател Александар Вучиќ во интевју за тв „Пинк“ рече претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани.
„Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Северна Македонија и нивните граѓани, и тој добрососедски однос мора да се гради.
„Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив“ – потенцираше Вучиќ.