Вучиќ го објави составот на новата српска влада – Брнабиќ премиер, Дачиќ вицепремиер и шеф на дипломатијата

Претседателот на СНС Александар Вучиќ ги прочита имињата на членовите на новата влада.

Поранешната премиерка Ана Брнабиќ повторно ќе биде на чело на владата, а ова се останатите министри во нејзината влада:

Милош Вучевиќ, министер за одбрана

Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи

Синиша Мали, министер за финансии

Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија

Раде Баста, министер за економија

Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина

Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура

Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика

Маја Поповиќ, министерка за правда

Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа

Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог, инаку од редовите на Демократскиот сојуз на Хрватите од Војводина

Братислав Гашиќ, МВР

Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции

Бранко Ружиќ, министер за образование

Јелена Беговиќ, министер за наука

Даница Грујичиќ, министерка за здравство

Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи

Дарија Кисиќ, министерка за семејна грижа

Хусеин Мемиќ, министер за туризам

Зоран Гајиќ, министер за спорт

Маја Гојковиќ, министерка за култура

Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото

Ова се новите членови на владата чии имиња ги соопшти претседателот на СНС Александар Вучиќ по состаноците на Претседателството и Главниот одбор на СНС, пренесе Блиц.

– Разговаравме за актуелната политичка ситуација, за составот на новата влада и за она што е од клучно значење за нас. Претседателството го прифати предлогот на Ана Брнабиќ за состав на новиот кабинет – изјави претседателот на СНС Александар Вучиќ по седниците на Претседателството и Главниот одбор на СНС.

Претседателот потоа апострофираше под кои околности Србија добива нова влада.

-Првпат избираме влада кога знаеме дека имаме воена состојба во опкружувањето. Ќе видите дека зборот компромис не постои. Сметам на нашата мудрост и посветеност. Сите тие притисоци ќе бидат само потешки, бидејќи ние сме земја која дел од меѓународната заедница ја смета за нечист сојуз поради тоа што ни го направија. Нема да дозволиме да не понижувате како што направивте. Тоа е суштината на нашата политика – слободна Србија. Некогаш ќе носиме одлуки кои болат, но самите ќе ги носиме – нагласи Вучиќ.