Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е горд на борбата на Србија во Обединетите нации, порачувајќи дека вистината не може да се добие на сила.
„Горд сум на тоа како во деновите зад нас се боревме за Србија во ОН. Благодарен сум за разбирањето и почитта што ги доби Србија и се надевам дека и нашиот народ ќе биде искрено горд на својата земја, на нејзината борба и љубовта што сите ја покажавме кон нашата татковина. Продолжуваме да работиме, инсистираме и објаснуваме и никој не може да ни го одземе правото на борба и гордост, колку и да е силен“, порача Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.
Тој додаде дека храброто соочување и покажувањето дека вистината не може да ја победи силата, отсекогаш било и ќе биде начин на Србија.
„Затоа што тоа што го чуваме и што му се заколнавме на нашиот народ ни е свето“, заклучи претседателот на Србија.