Српскиот претседателот – Александар Вучиќ го откажа учествоѕо на три предизборни митинзи за денеска, откако најави дека во својот кабинет на итен состанок ќе ги прими претставниците на Србите од Косово.
„Нашата земја е во многу тешка ситуација. Ќе видиме што ќе се случи на состанокот на Србите од Косово“ – изјавил близок соработник на Вучиќ за српските медиуми.
Официјално не е објавена причината за откажувањето на предизборните митинзи, а во текот на денот во Србија се одржа седница на Советот за национална безбедност.