Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната

Српските медиуми потсетуваат дека на минатогодишниот Самит во Дубровник имаше несогласувања околу текстот на заедничката декларација за украинската криза, поради што и овој пат се очекуваат тешки разговори и дипломатски судири.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа што денеска се одржува во Одеса, потврдија од неговиот кабинет.

Српските медиуми потсетуваат дека на минатогодишниот Самит во Дубровник имаше несогласувања околу текстот на заедничката декларација за украинската криза, поради што и овој пат се очекуваат тешки разговори и дипломатски судири.

Премиерите на Грција и Хрватска го потврдија своето присуство уште на 23 мај, а потврда пристигна и од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, посочува Анадолија.

Претходниот самит се одржа во октомври 2024 година во Дубровник, кога исто така присуствуваше и Вучиќ. Тогаш беше усвоена заедничка декларација со која се осудува руската инвазија врз Украина, се поддржува нејзиниот територијален интегритет, европските интеграции и членството во НАТО.

Посетата на Вучиќ на Украина е прва од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година и се смета за важен дипломатски сигнал, имајќи предвид дека Србија досега се обидуваше да одржи неутрална позиција во однос на конфликтот.