Вучиќ: Во неделата зад нас бевме сведоци на тешки дискусии за судбината на нашето Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново видео на својот Инстаграм профил како резиме на претходната недела. Како што изјави српскиот претседател, претходната недела се разговарало за нови стратешки потези, но бевме сведоци и на тешки моменти.

– Во неделата зад нас се сретнавме со пријатели, дадовме нови контури на големи стратешки проекти кои дополнително ќе го забрзаат растот на Србија, но бевме сведоци и на тешки моменти и дискусии за судбината на нашето Косово и Метохија – напиша Вучиќ.

Тој рече дека имало и моменти исполнети со благодарност и задоволство, а Србија ја имала честа да биде домаќин на еден од последните големи државници на денешницата, чешкиот претседател во заминување Милош Земан.