
Вучиќ: Во економска смисла 2026 ќе биде одлична година – на политички план, тешка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева дека во наредниот период ќе можат да купат барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева дека во наредниот период ќе можат да купат барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.
„Се надевам дека во наредниот период, за прв пат ви кажувам, ќе можеме да купиме барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имале целосно влијание и целосна контрола врз тоа што би правел мнозинскиот сопственик и би се прашувале за нешто. Нема да бидеме таму некој што се крие зад завесата и не одлучува за ништо. Бидејќи за нас е важно да имаме 34 проценти, повеќе од една третина, бидејќи тогаш можете да имате увид во финансиите и сè друго“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Информер.
Тој истакна дека ова ќе биде негова цел во наредните месеци.
„Дали е реално? Мислам дека е“, додаде Вучиќ.
Вучиќ изјави дека економски, 2026 година ќе биде најдобрата година за народот на Србија, но дека политички, ќе биде многу напната и тешка.
„Не сум човек за големи прослави, но денес е најсреќниот ден во христијанството и среќен сум што го зачувавме мирот, постигнавме економски напредок, пензионерите добија најголеми пензии. Верувам дека ова ќе биде најдобрата година во економските прашања. Секогаш ги одделуваме тие две работи“, рече Вучиќ.
Вучиќ истакна дека работите брзо се менуваат на глобално ниво, а кога станува збор за изборите во Србија и дали тие ќе се одржат во октомври, ноември, декември, тој рече дека тоа е прашање на договор меѓу политичките актери ако сакаат да се согласат.