Вучиќ: Веројатно ќе чекаме уште 6 години за влез во ЕУ, не сме многу популарни таму

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека регионот на Западен Балкан веројатно ќе чека уште шест години за да влезе во Европската унија и дека тоа е во ред.

– Знам дека нема да бидеме дел од Европската унија, никој од нас, пред Украина. Кога ќе влеземе во Европската унија, дали ќе влеземе заедно со Украина, тоа е друг проблем. Имаш свое мислење, но мојата интелигенција ми кажува дека сум во право. И, се разбира, тоа е нешто што се случува во моментов. Веројатно ќе почекаме уште шест години, што е исто така добро. Во вашите земји можеби Европската Унија е толку популарна, во мојата земја не е толку популарна како што не сме толку популарни ниту ние, иако сме најголемиот дел од овој регион. Никогаш нема да кажеме лоши работи за важноста на оваа иницијатива – рече Вучиќ.