Вучиќ: Бајден, Путин или Ердоган, кој и да се јави – нема да има Европрајд, не ја менуваме одлуката!

Претседателот Вучиќ рече дека е донесена одлука дека нема да има Европрајд и дека тоа нема да се менува.

„Само што донесовме одлука да не ја одржуваме парадата. Бајден може да ме повика мене или Брнабиќ, кој и да ми се јави, Путин или Ердоган, нема да има промена во одлуката“, подвлече Вучиќ.

Претседателот рече дека за настанот разговарал и со министерката за внатрешни работи, како и со премиерката Ана Брнабиќ и дека се согласиле дека заради зачувување на мирот во земјата, најдобро е да не се одржува Европрајд.

Исто така, Вучиќ рече дека е разговарано со оние кои ја поддржуваат Еуропрајд, како и со оние кои се против.

Тој рече дека ги разбира странците кои овде се борат за нивните интереси, но дека не ги разбира луѓето од Србија кои велат дека само сакаат да шетаат и да видат дали државата ќе ги заштити.

Вучиќ рече дека „излегува дека државата треба да ги пушти хулиганите да ги тепаат, па тие потоа да кажат дека биле во право кога рекле дека државата не сакала да ги заштити“.