Српскиот министер за одбрана и претседател на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ изјави дека има притисок врз Белград и претседателот Александар Вучиќ да ги „дисциплинираат“ Бања Лука и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Вучевиќ за Радио и телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации.
Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
„Сепак, политичката елита во Сараево навистина не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија“, рече Вучевиќ.
Додавајќи дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, тој оцени дека сè што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.