
Вучевиќ: Поддршката што ја имаат студентите не треба да се потценува
Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека бројот на луѓе кои ги поддржуваат студентите, според најновото истражување на агенцијата Ипсос, е 8,1 процент, што не е за потценување.
Претседателот на владејачката Српска напредна странка, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека бројот на луѓе кои ги поддржуваат студентите, според најновото истражување на агенцијата Ипсос, е 8,1 процент, што не е за потценување.
Според него, тоа е добар резултат, но дека популарноста на студентската листа ќе зависи од тоа кој ќе биде на неа.
„Таа листа во моментов е без лице и без сериозна политичка определба. Не знаете каква би била нивната политика кон Косово, економијата, странските инвестиции“, рече Вучевиќ. Тој доаде дека е задоволен од рејтингот што го има СНС заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и дека не е лесно да се одржи тоа ниво на поддршка во сложена општествено-политичка ситуација.
Медиумите објавија во вторникот дека најновото редовно месечно истражување на агенцијата Ипсос покажува дека СНС има поддршка од 48,2 проценти од гласачите, додека студентската листа 8,1 процент од испитаниците.