
Вучевиќ: Најдобро е Србија да добие нова влада, ако нема договор – единствена опција се избори
„Ако мене ме прашувате, мислам дека е подобро да се избере нова влада и дека сите треба да се потрудиме да постигнеме договор за избор на нова влада. Таа влада не само што треба да има нови луѓе, туку мора да има и нови луѓе и јас апсолутно ја поддржувам изјавата на претседателот на Републиката дека 50 проценти мора да бидат нови луѓе“, посочи Вучевиќ.
Премиерот на Србија во оставка и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека за Србија е најдобро да добие нова влада и дека сите треба да вложат напори за да се постигне договор за нејзино формирање.
Вучевиќ за ТВ Прва изјави дека целосно се согласува со ставот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека новата влада треба да биде составена од 50 отсто нови луѓе.
„Ако мене ме прашувате, мислам дека е подобро да се избере нова влада и дека сите треба да се потрудиме да постигнеме договор за избор на нова влада. Таа влада не само што треба да има нови луѓе, туку мора да има и нови луѓе и јас апсолутно ја поддржувам изјавата на претседателот на Републиката дека 50 проценти мора да бидат нови луѓе“, посочи Вучевиќ.
Тој исто така додаде дека оваа влада треба да донесе нова енергија, нова сила и оптимизам и да биде подготвена за договори и компромиси со секој кој е дел од јавниот живот во Србија, со професорите, студентите, опозицијата, невладините организации, црквата.
Вучевиќ изјави дека сегашната состојба не може да се сведе само на тоа што премиерот си замина и некој се пресели од позиција на позиција, туку таа влада мора да има нова енергија и оптимизам, што е неопходно.
„Како претседател на СНС и како некој што ќе го предаде мандатот, навивам, спортски кажано, да се избере нова влада, доколку нема политички договор, единствената опција се избори“, рече Вучевиќ.