
Милош Вучевиќ,српскиот министер за одбрана ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и за доброволно служење на воениот рок.
Најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.
-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации .Не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи Вучевиќ.
Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.
Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да – потенцираше министерот.