Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, во врска со блокадата на српските институции на северот на Косово, рече дека премиерот на Косово, Албин Курти, продолжува да врши притисок и терор врз Србите и дека сака да каже дека не можат да останат и да преживеат на Косово и Метохија.
Тој во своето гостување на телевизијата К1 оцени дека ситуацијата на Косово е многу тешка, а Србија има опција да влезе во конфликт или да се бори политички и дипломатски.
„Се очекува некој нервозен потег на Србија. Друга опција за Србија е патот или полето на конфликтот, но мораме да разбереме дека тогаш не е само прашањето за Косово и Метохија, туку прашање на цела Србија. Тогаш нема да имаме проблем само со косовските сили, таму се и КФОР и НАТО, треба да ја разбереме целата средина“, додаде Вучевиќ.
Минатата недела, припадниците на специјалната единица на косовската полиција влегоа во зградите на привремените власти во четири српски општини на север – Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.
Неколку стотици вработени претходните денови неуспешно се обидоа да влезат во канцелариите на институциите на Владата на Србија.