Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денес повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција.
Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението.
Немаше други наредби за евакуација, јавува Ројтерс.