Вицепремиерот на Србија – Александар Вулин, денеска изјави дека како министер за полиција и директор на БИА, според закон и совест, направил списоци на оние кои не се добредојдени во Србија, додавајќи дека жали што не се посветил повеќе на нив.
„Списоците ги направив јас како министер за полиција и директор на БИА по закон и совест и жалам што не им се посветив повеќе, бидејќи гледам колку ѓубриња се неправедно заборавени. Александар Вучиќ ниту бил прашан за тоа, ниту требало да биде“, изјави тој.
Вулин реагираше на хајката против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи хрватската пејачка Северина била приведена на српската граница.
Тој истакна дека сите освен еден од списокот молеле и барале да им се укине забраната и дека сите рекле дека има и полоши од нив, дека не мислат на тоа што го пеат и зборуваат и дека сите „плачат дека забраната им ги земала парите или им пречи на управувањето со имотот што го поседуваат во Србија“.