Вулин: Не припаѓаме во ЕУ, сојузот е минато!

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави дека колку побрзо Србија прифати дека не ја сака Европската унија и дека таму нема место, толку подобро ќе биде и додаде дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.

„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи според лудите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не не сакаат“ – изјави Вулин за „Вечерње новости“.

Тој изјави дека ЕУ како сојуз е минато, бидејќи со губењето на политичката независност земјите од ЕУ „станаа територии, а не држави“.