Александар Вулин – министерот за внатрешни работи на Србија рече дека против Србија се води хибридна војна бидејќи земјата има независна политика.
„Се води хибридна војна против Србија, затоа што Србија има независна политика и затоа што не воведовме санкции и нема да воведуваме санкции кон Руската Федерација. Вака не казнуваат. Имаме информации кој стои зад овие напади“ – изјави Вулин.
Тој смета дека станува збор за чист економски напад.
„Кога ќе го затворите трговскиот, додека не проверите се, додека не ги вратите луѓето, целосно сте го изгубиле денот. Никој нема да пазарува во тој трговски центар, ќе избегнува да оди таму. Се прави сериозна економска штета. Тоа е економска војна што се води против нас. Мора да реагираме на секоја најава. Во иднина ќе се трудиме да делуваме попревентивно, да ги прегледаме трговските центри пред да се отворат. Ако видите повеќе полицајци во трговските центри, тоа не е затоа што има проблем, туку затоа што се грижиме за вашата безбедност“ – порача Вулин и повтори дека хибридната војна се води и од територијата на ЕУ и од територијата на Украина.
Сепак, министерот Вулин истакна дека Србија е безбедна и сигурна земја.
„Живејте нормално. Во ова море на нестабилност, Србија е остров на стабилноста“ рече тој.