Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин денеска изјави дека по апсењето во Суботица на лица кои планирале денеска да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и неред на протестот во Белград, предупредувањата на руските специјални служби и повторените повици на НАТО опозицијата да ја смени власта преку насилство, сака да го предупреди претседателот Александар Вучиќ да престане да ги потценува заканите и кон него и кон Србија и, како што истакна, „да не ја повтори грешката на Слободан Милошевиќ по секоја цена и дозволи странците и домашните ѓубриња насилно да ја преземат власта“.
„Претседателот Александар Вучиќ не е Јанукович и барам од него да се бори и да не попушти. Србија и историјата нема да му простат ако во Србија се случеше Мајдан или 5 октомври и се повтори окупацијата на Србија“ – рече Вулин.