Утрово неколку основни училишта во Подгорица добиле дојави за наводно поставени бомби, поради што наставата била прекината, пренесува Вијести.
Согласно препораките на Министерството за образование, наука и иновации, наставата во тие училишта денеска најверојатно ќе се одржува онлајн.
Во неколку основни училишта во Подгорица вчера наставата беше откажана поради дојава за бомби кои беа испратени на електронските адреси на училиштата.