Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул

Вториот товарен брод со украинско жито пристигнал денеска во Истанбул преку Црното Море, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај.

Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса.

Тоа е вториот брод што помина низ поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море.

Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот.