
Втора победа на Индијана против Њујорк во конференциското полуфинале на НБА
Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс со 114:109 во вториот натпревар од полуфиналната серија во НБА плејофот.
Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк Никс со 114:109 во вториот натпревар од полуфиналната серија во НБА плејофот.
До триумфот гостинскиот тим беше предводен од Паскал Сиакам кој постигна 39 поени.
Кај Њујорк се истакна Џејлен Брансон со дабл-дабл ефект 36 поени и 11 асистенции.
Резултатот во финалната серија на Источната конференција која се игра до четири победи сега е 2:0 за Индијана.
Третиот натпревар ќе се одржи ноќта недела кон понеделник со почеток во 2 часот по македонско време.