Втората судска одлука со која осуденик доби куќен затвор со електронски надзор – алка на ногата

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на втората судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена. Минатата година беше донесена првата пресуда од Основниот суд Велес со која беше изречен куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице.

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на втората судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена. Минатата година беше донесена првата пресуда од Основниот суд Велес со која беше изречен куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице.

Притоа, како што посочија од Управата во објава на социјалните мрежи, сега за прв пат е донесено Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кое издржувало казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, остатокот од неиздржаниот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена се заменува и истиот ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор.

„Станува збор за возрасно осудено лице кај кое има сериозни потврдени здравствени проблеми кои беше предизвик да се третираат во затворската установа. Решението е донесено од страна на Основниот суд во Струга. Поставена е алка на глуждот на ногата на лицето, а во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација“, информираат од Управата за извршување на санкции, додавајќи дека пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид е во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерката, а Одделението за електронски надзор 24/7 ќе го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор.

Од таму исто така нагласуваат дека важно било да се потенцира дека овој начин на извршување на казната бил поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста и здравствената состојба на сторителот воедно претставувало и похуман начин на извршување на казната.

Управата за извршување на санкции потсети дека втора година по ред склучува договор за одржување на опремата за електронски надзор и, како што велат, искрено се надеваат дека истата ќе има поголема примена од страна на судовите.